ДА СЕ ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Таравари го оцени извештајот на „Фридом хаус“ како вознемирувачки

Таравари нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.

148

Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, реагираше на најновиот извештај на „Фридом хаус”, оценувајќи го како вознемирувачки.

– Извештајот на Фридом хаус е вознемирувачки. Вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години. Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани – вели Таравари.






Таравари нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.

– Истото ВРЕДИ да се прави и на државно ниво. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација – вели Таравари.

Потсетуваме дека во последниот извештај означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата, каде има забелешки за корупција на високи нивоа како и критики за измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните не само за функционерите, но и за претходната влада.

Поврзани содржини