ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ВО БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА На 24 април сите заеднички да ја поддржиме Гордана Силјановска Давкова, повика Сајкоски

На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно затоа што масовноста ќе ни треба, затоа што така ќе го покажеме единството и само така може оваа власт да ја направиме да биде најпоразена власт што досега постоела во Република Македонија - истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

80

Изминатите 7 години видовме корупција, криминал, се она што треба да биде спротивно од она што треба да го работи една влада. Затоа ве повикувам да се обединиме во борба против криминалот и корупцијата, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на опратеничка листа во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Долнени.

Сајкоски додаде дека Пендаровски само зборува против корупција и криминал, а ништо не направи за да ја спречи корупцијата и криминалот во нашата држава.

-Пендаровски зборува за економија, а денес имаме најзадолжена држава во регионот бидејќи нашата држава Македонија сите влади до 2016 година ја задолжиле околу 4,5 милијарди евра, а оваа влада за само 6 и пол години ја задолжи 4 милијарди евра и ние треба да ја казниме таа влада и претседател кој лажно се претставува – посочи Сајкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ упати повик до граѓаните да застанат под знамето на Македонија и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

– Ве повикувам заедно да застанеме под знамето на Македонија затоа што е потребно најмногу единството во овој период. Да ја поддржиме нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова бидејќи ние нудиме различен концепт од оној што е досега. Ние нудиме универзитетски професор, лик кој е профилиран во парламентот, лик кој изминатите години многу помогна за нашата држава. Кандидатка за претседател која знае да не претставува надвор, меѓутоа знае и да нè почитува и сите тука во нашата држава – вели Сајкоски.

Тој посочи дека на 24 април треба што помасовно да се излезе на гласање.

– На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно затоа што масовноста ќе ни треба, затоа што така ќе го покажеме единството и само така може оваа власт да ја направиме да биде најпоразена власт што досега постоела во Република Македонија – дециден е Сајкоски.






Поврзани содржини