„ДА СЕ ОБЕДИНИ ИСЛАМСКИОТ СВЕТ И ДА ГО КАЗНИ ИЗРАЕЛ“ Ердоган разговараше со емирот на Катар

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека турскиот претседател, Ердоган, и емирот на Катар, Ал Тани, разговарале за односите меѓу Турција и Катар, глобалните и регионалните прашања, нападите на Израел врз Газа и за хуманитарната криза во палестинската енклава.

832

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед Ал Тани, за повеќе регионални теми, вклучително и за ситуацијата во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган и Ал Тани разговарале за односите меѓу Турција и Катар, глобалните и регионалните прашања, нападите на Израел врз Газа и за хуманитарната криза во палестинската енклава.






Ердоган рекол дека исламскиот свет треба да ги зголеми своите напори во единство за да ги запре бруталните напади на Израел и да го казни за злосторства против човештвото.

Ердоган изјавил дека е од витално значење да се ограничи Израел што е можно побргу и да се дејствува со здрав разум за да се спречи ширење на тензиите во регионот.

Ердоган и катарскиот емир Ал Тани размениле и честитки по повод Рамазан Бајрам.

Поврзани содржини