ДА СЕ НАВИКНЕМЕ – ЕВРОПА Е ПРЕД МОЖНА ВОЈНА Германскиот министер за одбрана смета дека постои опасност
Мора да се навикнеме на идејата дека може да има опасност од војна во Европа, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оцени дека постои опасност од војна во Европа и посочи дека Германија „мора да може да се одбрани“.
Во изјава за јавниот радиодифузер ЗДФ тој изјави дека конфликтот на Блискиот Исток и војната меѓу Русија и Украина ќе имаат последици во германското општество.
– Мора да се навикнеме на идејата дека може да има опасност од војна во Европа – изјави германскиот министер за одбрана.
Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи сѐза да спречи понатамошна ескалација во конфликтот на Блискиот Исток. Зборувајќи за состојбите во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.