ДА СЕ НАСОЧАТ КОН ПРЕДИЗВИЦИ СО ЗНАЕЊЕ, А НЕ КОН ТИК-ТОК Министерката Јаневска ги предизвика учениците
Ги повикувам средношколците наместо да имаат Тик-Ток натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба да прифаќаат предизвици во образование и наука, а нивните родители, заедно со училиштето да ги насочат кон тоа - истакна Јаневска.
Запрашана за применувањата на Тик-Ток предизвиците од учениците во училиштата, министерката за образование ги повика средношколците да се насочат на натпревари во образованието и науката.
– Ги повикувам средношколците наместо да имаат Тик-Ток натпревари да се насочат на натпревари во образованието и науката. Телефоните во училиштата можеме и да ги забраниме, но тие ќе им бидат достапни дома, во маало и во други средини. Децата треба да прифаќаат предизвици во образование и наука, а нивните родители, заедно со училиштето да ги насочат кон тоа – истакна Јаневска.
Одговарајќи на прашање за заштита на наставниците од психички и од физички напади, министерката за образование најави дека наскоро ќе се носи нов закон за наставници и оти ќе се носат нови правилници и упатства.
– Постојат правилници, но наскоро носиме нов закон за наставници, нови правилници, нови упатства. Во пет месеци толку може да се направи, во следните пет ќе направиме уште толку и се надевам дека ќе се воспостави некаков ред – рече Јаневска.