Да се направи проценка за функционалноста на кумановската болница

324

Министерство за здравство и Комисија за заразни болести, заради новонастанатата ситуација со новозаразен персонал од Општа болница – Куманово, бараме да направат итна проценка и да се согледа функционалноста на Болницата и одделите каде што има персонал којшто е заразен со вирусот ковид-19, е еден од заклучоците на Општинскиот кризен штаб на Куманово.

– Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисeви на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово. Апел до граѓаните да не се фрла смет на места каде што не е дозволено, односно да не се создаваат нови диви депонии, туку фрлањето смет да биде исклучиво на градската депонија. Во периодот на вонредна состојба препорачуваме на Општината, градската депонија Краста да не ги наплаќа услугите на граѓаните кои самоиницијативно ќе одлагаат поголеми количини на смет Апел до граѓаните, заради зголемена потрошувачка на водата за време на викендите и намалување на притисокот на вода, за рационално користење на водата во овие услови, да не се врши наводнување на дворови и бавчи и перење на возила од водата на градски водовод, соопштија од Кризниот штаб на Куманово.

 

Поврзани содржини