ДА СЕ ФОРМИРА КРИЗНО ТЕЛО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА СО СТРУЈА Состојбата е алармантна пред настапување на зимата
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има опасност земјава да се соочи со енергетска криза во зимскиот период.
Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши двојно повеќе отколку што произведува струја, реагира опозициската партија.
Партијата бара да се формира кризно тело кое ќе даде решенија за надминување на кризата со недостигот на електрична енергија.
Според партијата тоа е неопходно бидејќи последните информации се дека земјава не успева да произведе доволни количини елекрична енергија.
– Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации.Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека има опасност земјава да се соочи со енергетска криза во зимскиот период.
– Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризно тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја – велат од ВМРО-ДПМНЕ.