ДА СЕ ДОПОЛНИ ЛИСТАТА НА ДЕЈНОСТИ Работодавачите бараат во недела да се работи и во дејностите патишта, железници и производство на цемент

Во некои од дејностите кои не се опфатени со списокот, велат од Организацијата на работодавачи можни се прекини на работата во текот на работните денови и затоа треба да се работи во недела.

389

Организацијата на работодавачи бара да се дополни листата на дејности кои имаат право да работат во недела со дејностите патишта и железница. Работодавачите сметаат дека зголемување на минималната плата теба да се врши според актуелното законско решение за годишно усогласување со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ,

Според работодавачите, моделот во предложеното законско решение со кое се прогласува недела неработен ден за сите, со кој се прави избор и се набројани дејностите во кои поради природата на дејноста и техничко-технолошкиот процес ќе можат да работат и во недела, носи ризик некои дејности да бидат изоставени од таа листа.






– Такви се на пример дејностите за производство на цемент, каде што  поради карактерот на технолошкиот процес не може да се прекинува работењето во недела, како и дејноста изградба на патишта и железници, каде што поради временските услови може да дојде до прекин на работата во текот на работните денови, а изгубените работни часови да мора да бидат надоместени во недела – велат од Организацијата на работодавачи.

Оттаму велат дека ова може да се реши со подзаконските акти и правилници со кои поточно ќе се утврдат помошните или придружните дејности и работните места кои имаат карактер на помошни и придружни дејности

– Со тоа  сметаме дека Законот би станал целосно применлив и дека нема да предизвика поголеми проблеми во работењето на компаниите велат од ОРМ.

Во врска со зголемувањето на минималнатап лата работодавачите сметаат дека треба да се применуваат постојните законски норми според кои се врши годишното усоласување на минималната плата.

– Ја поддржуваме програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада, но сметаме дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ, овозможуваат на фер начин да се одреди реалната вредност на минималната плата и со тоа да се компензира растот на цените на основните производи од кои во најголем дел зависи животниот стандард на населението – велат од ОРМ.

Нивни став е дека до реално зголемување на платите и подобар стандард на целото население во земјава може да се дојде само преку здрав и одржлив економски раст, кој ќе се темели на пораст на продуктивноста и конкурентската способност на компаниите.

– Затоа, во следниот период мора повеќе да се вложува во нови технологии, дигитализација и автоматизација, а државата да создаде поволен економски амбиент за да се реализираат ваквите инвестиции.Се надеваме и дека во следните години ќе се остварат проекциите на Владата за економски раст, без поголеми потреси предизвикани од актуелната пандемија, политички кризи или друг вид ризици – велат од Организацијата на работодавачи.

Поврзани содржини