ДА СЕ БИДЕ ЛГБТ ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ТЕРОРИСТ Русија ја прошири листата на екстремистички организации

Листата се администрира од агенција наречена Росфинмониторинг, која има право да замрзне банкарски сметки на повеќе од 14.000 физички и правни лица категоризирани како екстремисти и терористи.

348

Русија го додаде „ЛГБТ движењето“ на својата листа на екстремистички и терористички организации, објавија денеска руските државни медиуми.

Овој потег е во согласност со одлуката на рускиот Врховен суд во ноември минатата година да ги категоризира ЛГБТ активистите како екстремисти, што според претставниците на ЛГБТ заедницата може да доведе до апсења и гонење.






Листата се администрира од агенција наречена Росфинмониторинг, која има право да замрзне банкарски сметки на повеќе од 14.000 физички и правни лица категоризирани како екстремисти и терористи.

Вклучените во листата варираат од терористичката група Ал Каеда, преку технолошкиот гигант Мета, до соработниците на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Поврзани содржини