ДА ПРОДОЛЖАТ ПОСТАПКИТЕ ЗА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ! Собранието да постапи по препораките на Советот на Европа, побара Демократски сојуз
Поништување на амнестијата за Хашките случаи и истражување на досиејата кои меѓународниот суд на правдата во Холандија ги испрати до македонските судови побарала комесарката за човекови права во Советот на Европа Дуња Мијатовиќ во писмото до владата во Скопје на 15 јануари.
Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети „Водство на Она“, „Липковско Езеро“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски Работници“, да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети – побара Демократски сојуз на Павле Трајанов.
„Согласно Женевските Конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства.
Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства. Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество”, се наведува во партиското сопштение.
Поништување на амнестијата за Хашките случаи и истражување на досиејата кои меѓународниот суд на правдата во Холандија ги испрати до македонските судови. Ова го побарала комесарката за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ во писмото до владата во Скопје на 15 јануари.
„Да се отповика автентичното толкување во 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови“, се вели во препораките на Мијатовиќ, во писмото до македонската влада од 15 јануари, што вчера го објави Советот на Европа.
Станува збор за четири случаи насловени како „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година, одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите случаи.