ДА ПРЕКИНЕ ПРАКСАТА НА КУРТО И МУРТО Правнуката на Гоце Делчев се приклучи на Движењето ЗНАМ

364

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вчера ги отвори просториите на Општинската организација во Гевгелија. Пред присутните членови и симпатизери на Движењето се обрати Максим Димитиревски, претседател на ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија на претстојните претседателски избори.

– Сакам да упатам еден апел до сите вас присутни овде. Да ја пренесете оваа позитивна енергија кај секој ваш сограѓанин и да им кажете дека на македонската политичка сцена се раѓа нешто ново. Се раѓа едно движење коешто всушност е формирано за граѓаните. До вчера граѓаните велеа сите се исти. Мора да потенцирам дека ние не сме исти. Нас не нѐ спојува ниту материјален, ниту финансиски, ниту каков било друг интерес. Нас нѐ спојува само единствениот интерес, а тоа е наша Македонија. Бидејќи ако продолжи оваа тортура којашто се случува во моментов и од едната и од другата страна, за жал ќе ни остане Македонија само на хартија, а нивните џебови дополнително полни. Затоа обичниот човек мора да се одважи на следните избори и масовно да излезе и да даде поддршка не само на ЗНАМ, туку на сите нови политички субјекти. Мора да има баланс во општеството. Мора да има баланс во политиката, во спротивно ќе ни се случува тоа што се случува во континуитет 30 години. Едните доаѓаат, другите си заминуваат и така цело време во круг, никому ништо не фали, единствено обичниот граѓани крај со крај едвај истерува – рече Димитриевски.






Тој рече дека негова цел е Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот.

– Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура. Нашата обврска е власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме сериозен тас на вагата веќе на следните парламентарни избори, а веднаш потоа и да бидеме минимум втора политичка сила во државата. Тоа и тоа како можеме да го реализираме, затоа што тоа ние еднаш веќе го направивме. Го направивме тоа во Куманово кога сите нѐ отпишаа. Се боревме сами против сите. Но не бевме сами. Обичниот граѓанин беше рамо до рамо со нас. Максим немаше да биде избран на последните избори доколку немаше поддршка од обичниот граѓанин. И затоа сметам дека таа енергија може да се прошири низ целата држава – додаде тој.

Димитриевски рече дека влегол во оваа трка не за да се бори сам за себе си, туку да се бори за подобра иднина и подобра перспектива за обичниот граѓанин.

– Јас имам позиција во Куманово којашто ми ја дадоа моите кумановци. Но видете, кога гледате несреќни луѓе околу вас вие не можете да бидете среќен, кога извршувате било каква функција. Затоа ќе водиме позитивна кампања. Нашата кампања ќе нуди соодветни решенија, а тие нека си ги вадат црните работи и имаат обврска да ја разматат барата којашто ја заматија во целост – рече Димитриевски.

Особена чест за него и за членовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е што член на Движењето е и правнуката на војводата Гоце Делчев, г-ѓа Корнелија Дуганова Јованова.

Поврзани содржини