ДА ПОПРАВИМЕ СЀ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ 220 амандмани на предлог Буџетот за 2022 година поднесе ВМРО-ДПМНЕ
Партијата смета дека предложениот Буџетот не ги задоволува потребите на граѓаните.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани Предлог-буџетот за 2022 година кој од денеска е на расправа во собраниската Комисија за финасирање и буџет, информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Тој рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи биџетот, зашто буџетот е од суштинско значење за граѓаните.
– Со овие 220 амандамни ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што сѐ уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина – рече Стојаноски.
Стојаноски ја повика власта да ги прифати амандманите од опозицијата кои, како што рече, треба да решат многу проблеми и на тој начин да се подобри овој буџет.
Според него, предложениот Буџетот не ги задоволува потребите на граѓаните. Тој забележа што во буџетот нема планирано пари за помош на најсиромашните граѓани со оглед дека цената на струјата ќе расте.
– Веруваме дека не може да имате историски најголем буџет од 4,4 милијарди евра, да имате на прагот енергетска криза, а да немате планирано ниту едно евро помош за граѓаните и за стопанските субјекти – рече Стојаноски.
ВМРО-ДПМНЕ не верува дека Владата за 2022 година ќе ги реализира предвидените капитални инвестиции од 37 милијарди денари и е загрижена што дефицитот е висок, а јавниот долг ќе го надмине прагот.
– Со овој Предлог буџет јавниот долг на земјава ќе порасне за околу 800 милиони евра односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66 отсто од БДП – рече Стојановски.