Да негираш очигледен фашизам е – фашизам
Да ревидираш и да присвојуваш нечија историја, личности и настани, да фалсификуваш факти, да ретушираш историја, е фашизам.
Бугарските историчари заклучиле дека владеењето од 1934-1944 година, за време на кое соработуваат со Оската, со нацистите и со фашистите, ги депортираат македонските Евреи во Треблинка, а територија на Македонија ја окупираат, не било фашистичко.
Еве вака.
Да негираш очигледен фашизам е – фашизам.
Да оспоруваш право на самоопределување во 21 век е форма на фашизам.
Да негираш јазик, историја и култура на сосед, е фашизам.
Да ревидираш и да присвојуваш нечија историја, личности и настани, да фалсификуваш факти, да ретушираш историја, е фашизам.
Да оспоруваш право на сосед за членство во „демократски“ клуб на земји е латентен фашизам.
Така што, џабе се перете, како власт, политика и државен наратив и идеологија и понатаму се однесувате како тоа што го негирате.
Колку порано се соочите со вашите црни страници од историјата, толку побрзо ќе излезете од оваа шизофренија.
За жал, многу луѓе и од кај нас се решени да ви помогнат во лошите и нечесни намери кон македонскиот народ и држава.
(ФБ статус на авторот)