„ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ СО 3 ПИВА ПРЕД ГРАНАП“ Фрчкоски, идеологот на СДСМ и на Филипче, го навреди македонскиот народ, вели ВМРО-ДПМНЕ
Очекуваме од СДСМ и од Филипче да се оградат од говорот на Фрчкоски, а тој самиот јавно да се извини на македонскиот народ, истакна владејачката партија.
Идеологот на Филипче и на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, упати тешка навреда кон македонскиот народ, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Фрчкоски кој е еден од идеолозите на СДСМ, јавно на телевизиска емисија го навредува македонскиот народ со зборовите, цитирам: „Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава“. Ова го кажа професорот Љубомир Фрчкоски на телевизија кон Македонците – истакна Манасиевски.
Тој додаде дека е недозволиво професор на факултет, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, некогашен кандидат за претседател на државата, сегашен член на раководството на СДСМ предводено од Филипче, дрско да го навредува народот дека не направил ништо за својата држава.
„Граѓаните кои плаќаат данок, кои работат и создаваат во државата, ја претставуваат гордо татковината во странство, па дури и оние кои го гласале некогаш Фрчкоски, за нив тој вели дека се безвредни и со тон на пониженост говори за нив. Очекуваме од СДСМ и од Филипче да се оградат од говорот на Фрчкоски, а тој самиот јавно да се извини на македонскиот народ – истакна Манасиевски.
Македонскиот народ е работлив, чесен и културен кој заслужува подобра иднина, додава Манасиевски.