ДА НЕ СТАНЕМЕ ЗАЛОЖНИЦИ НА БЕСКРАЈНАТА КРИЗА МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА Рама бара брза имплементација на Договорот од Брисел
Нашиот регион не може да стане заложник на бескрајната криза меѓу Косово и Србија!, напишал Рама.
Регионот не смее да стане „мал Донбас“ и заложник на односите Белград-Приштина, а Европа треба цврсто да дејствува за да се исполни Бриселскиот договор. Ова го порача албанскиот премиер Еди Рама на Твитер.
„ЕУ треба цврсто да дејствува за да обезбеди брза имплементација на Основниот договор. Нашиот регион не може да стане заложник на бескрајната криза меѓу Косово и Србија! Дискусиите се добри, но на регионот му треба пробив пред да биде предоцна “, пишува албанскиот претседател.
Во твитот тој споделил слика од објава на Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина кој информира дека информира дека разговарал со претставниците на двете страни, Петер Петковиќ и Бесник Бисљими, пренесува Косово онлајн.
За Рама исто така „линијата меѓу организираниот криминал и локалните политичари е нејасна“.
Додека косовскиот премиер Албин Курти не дојде на средбата на лидери од регионот во Тирана која е подготвителна средба за претстојниот октомвриски самит на Берлинскиот процес, во медиумите протекоа непроверени шпекулации дека Еди Рама е против иницијативата Отворен Балкан, а дека го преферира Берлинскиот процес.
На почетокот на месецов, при својата посета во Македонија, на заедничка пресконференција со премиерот Димитар Ковачевски, Еди Рама од новинарите беше запрашан дали ја смета иницијативата Отворен Балкан за завршена. Тој одговори:
– Не е моја вина доколку вие тоа сакате да го гледате како (прашање на) живот или смрт. Не е живот или смрт! Што е Отворен Балкан? Една од 72 иницијативи. Зошто беше преземена? Поради тоа што Берлинскиот процес имаше застој, не се движеше. Што донесе? Фантастични работи кои се реалност на луѓето кои ги користат договорите на Отворен Балкан за да тргуваат, се движат – изјави тогаш Рама и додаде дека доколку би имал можност да се врати назад, иницијативата Отворен Балкан би ја започнал уште 1.000 пати.
ТОА Е ПРЕКИНАТ МЕХАНИЗАМ Алијанса за Албанците се оградува од Владата во врска со Отворен Балкан