ДА НЕ ШИРИМЕ ЛАЖНА НАДЕЖ Вицепремиерот посочи дека цел регион е разнишан
Тој ова го изјави еден ден по средбата со Габриел Ескобар, специјалниот претставник на Стејт департментот на САД.
Американците се важан фактор во овој регион и се главен партнер на Европаво контекст на НАТО и Вашингтон има влијание, вели во Утрински Брифинг вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Тој ова го изјави еден ден по средбата со Габриел Ескобар, специјалниот претставник на Стејт департментот на САД.
-Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето. Мислам дека мораме да учиме од искуството, дека ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот – објаснува Димитров.