Да не се секираат ДУИ, ќе има про-европска Влада без нивните пратеници

Немојте да си играте играчки и да си се лажете меѓу себе дека вие сте претставници на некои народи, бидејќи вие во моментов сте фронт против правото и законите и сте репрезент на криминал и корупција. Има тука честит и чесен народ што си ја сака државата. Ќе видите дека тоа многу луѓе ќе го сфатат и ќе го напуштат бродот на вашиот фронт кој не оди кон Европа, туку кон Судовите и затворите.

5,366

Реално ДУИ изминативе недели, а и после резултатот на ВМРО-ДПМНЕ од првиот круг е како бесно и многу искасано куче во борби со кучиња, кое е свесно дека не може да заздрави и реално и самото е свесно дека без разлика дали ќе победи во борбата или не, за жал ќе биде отфрлено. Ако изгуби, секако ќе биде фатално, а ако победи и не може да заздрави, сопственикот секако нема да му е гајле и ќе го остави на буниште.

Е, токму така ДУИ се однесува во моментов. Знае дека е крај, а не знае дали да фрла чалам или да си го собере чаламот. И вака и така е крај. Тажен и болен крај. Овој пат буништето за нив ќе бидат македонските затвори.






Па така, покрај сите чаламџии од ДУИ, денеска го пуштаат самите ДУИ извесен Наим Бајрами, од нивната коалиција Европски фронт, човек кој што е министер за информатичко општество и администрација, а никој ниту го видел ниту го чул до денес, да излезе и да каже дека нема да се формира Влада без пратеници на Европскиот фронт (читај ДУИ) и дека тие биле претставници на сите народи и етникуми во Македонија, па дури и дека индиректно пак треба да важи правилото „победник со победник“.

Јас не знам кој го подготвувал ова да го каже, ама Наим Бајрами е очигледно возрасен и полнолетен човек што можел барем малку да согледа дека некој го тера да „тресе зелени“. Некако многу неискусно и незрело од негова страна да се брука јавно вака.

Па уште вели, ние ќе ја подготвиме земјата за во ЕУ. Како? Со кои луѓе? Со Дрин Ахмети и Артан Груби? Со овие што влетаа во Контрола на летање и загрозија цела држава? Со криминал до гуша? Со ситни пазарџиски финти како што за функција одредена бројка на луѓе си поплукавте се што говоревте наназад за ДУИ дека се криминалци? Не бива таа работа. Ништо вие не можете да подготвите за во ЕУ, а најмалку државата, затоа што вие ќе бидете опозиција. Луѓе од вашиот Европски фронт кои што биле на функции и имаат правено криминал може само да се подготвуваат да служат робија по еворпски манири. Односно да се ресоцијализираат, да научат да си ја сакаат државата што ја краделе и да научат дека треба да се почитуваат тука правото и законите и дека ќе се почитуваат. Само за тоа може да се подготвите.

Инаку, дека вие сте биле репрезент како Европски фронт на Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, тоа може да си се лажете меѓу вас. Албанската опозиција ВЛЕН која е и те како за нас посакуван коалиционен партнер во индата Влада е исто така репрезент на честити и добри граѓани кои сакаат промена во Република Македонија. Кои се против криминалот на ДУИ. Турците, бошњаците и ромите кои се со нас во коалицијата Твоја Македонија исто така се репрезент на својот народ. Вие од Европскиот фронт и ДУИ (ДУИ затоа што и твојот круг на луѓе што отиде за функции во ДУИ по изборите ќе се претопи во ДУИ) сте репрезент единствено на криминал, беззаконие, рекет, провизии и се што може лошо да потекне од вашите неколку лидери во вашиот Европски фронт.

Немојте да си играте играчки и да си се лажете меѓу себе дека вие сте претставници на некои народи, бидејќи вие во моментов сте фронт против правото и законите и сте репрезент на криминал и корупција. Има тука честит и чесен народ што си ја сака државата. Ќе видите дека тоа многу луѓе ќе го сфатат и ќе го напуштат бродот на вашиот фронт кој не оди кон Европа, туку кон Судовите и затворите.

На крај, да се навратам пак на правилото кое не постои повеќе заради вас, а тоа е „победник со победник“. Таа работа не бива само вас кога ви одговара. Огромен број на граѓани крвареа и патеа затоа што вие како ДУИ (ти веќе не си АА, ти си ДУИ) одлучивте наместо правилото кое важеше, да одберете да се присоедините заедно со СДСМ кон криминалот, корупцијата и распарчувањето и раскрчмувањето на Република Македонија.

Сега ќе важи правилото Влада која ќе се залага за иднината на Македонија, за владеење на право и правда, за борба против криминал и корупција, за демонтажа на криминални картели и партии или со еден збор, сега ќе важи правилото – ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски знаат што е најдобро за Република Македонија и затоа во прв круг победивме со 180.000 разлика, а во втор со уште повеќе.

Или да бидам уште пократок за да нè разберете уште поубаво и подиректно и ова е воедно и порака да сите гласачи на тој Европски фронт кој нема ништо европско во него – ДУИ оди во опозиција и ќе одговара за цел криминал.

Поврзани содржини