ДА НЕ СЕ ПОЛИТИЗИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО КИСЕЛА ВОДА Апел од градоначалничката Стаменковска-Трајковска

Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневнополитички реакции – изјави Стаменковска-Трајковска.

138

Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на оваа општина, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени.

Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените.

– Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени.

Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки.

Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневнополитички реакции. Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, но одлуките мора да се темелат на факти и стручни анализи, а не на претпоставки – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Поврзани содржини