ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ТУКУ ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ТОА ШТО Е НАЈВАЖНО Арсовска за аманетот од предците

11 Октомври е ден кога започнала нашата борба со бугарскиот фашистички окупатор. Овој ден е потсетник за нашата борба, за нашиот непокор, вели Арсовска.

213

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, со положување свежо цвеќе се поклони пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и со тоа оддаде почит на борците од НОБ за сeта нивна пожртвуваност и заложби  со цел да живееме во слободна и независна Македонија.

Арсовска, исто преку објава на социјалните медиуми, на сите граѓани на Македонија им го честита празникот и потсети на вредностите што произлегоа од овој значаен датум за македонската држава и за она за кое се бореле сите народни херои и нашите предци на овој ден пред 80 години.






„11 Октомври е ден кога започнала нашата борба со бугарскиот фашистички окупатор. Овој ден е потсетник за нашата борба, за нашиот непокор! Овој ден треба да се потсетиме дека нашите предци ни оставиле аманет дека не треба да се откажуваме, дека треба да се избориме за она што е најважно. Овој ден е денот кога покажавме дека знаеме да се избориме за слобода. Затоа имаме обврска да продолжиме по тој пат и да обезбедиме подобра иднина на нашите идни поколенија. Честит и вековит 11 Oктомври Македонијо!”, напиша Арсовска.

Таа на прес конференција упати честитки за денешниот празник и истакна дека овој ден е гордост и не потсетува дека не треба да престанеме да се бориме за промени, за подобар, транспарентен град, посветен на сите скопјани. Арсовска рече дека целта секогаш треба да биде борба за подобро, за подобар град, за подобри услови во Македонија и испрати порака дека треба заедно да се бориме за сите граѓани.

-На мојата интернет страница веќе се имаат пријавено стотици граѓани коишто сметаа дека треба да бидат дел од ова движење за промени за Скопје и Македонија, кои даваат свои идеи како до подобар град и мислења за тоа како Скопје да биде град со кој ќе се гордееме, ова ми дава дополнителен мотив да се борам повеќе затоа што вие чувствувате голема потреба за промени, а вашиот глас треба да се чуе – рече Арсовска.

Таа изрази голема благодарност до сугестиите и идеите кои граѓаните и ги доставуваат секојдневно, а на ист начин Градот Скопје ќе биде отворен со 24 часовна канцеларија која ќе биде во служба на граѓаните, каде ќе можат даваат свои сугестии, а градот ќе има прилика да ги чуе бараните проекти, а ќе се оддели и посебен буџет за остварување на добрите проекти предложени од граѓаните.

– Ќе воведеме повеќе иницијативи, преку веб страната, преку апликациите, но и преку социјалните медиуми каде граѓаните ќе имаат можност за брза и директна комуникација со градот, но и директни средби преку кои ќе можат да ги искажат сите свои мислења, градот мора да биде достапен за сите, а не за лични интереси и политички кариери, но и со добро менаџирање состојбата во градот ќе биде значително подобрена – вели Арсовска.

Таа истакна дека досегашниот градоначалник во десетина населби низ Скопје никогаш не се појавил, а ниту пак некој од градската администрација, а ништо не е ни реализирано, немал слух за потребите на граѓаните.

– Грешка е на овој градоначалник кој ако мисли дека со црна кампања ќе може да си ја покрие личната неспособност и слабите резултати и не само тој туку и секој оној политичар кому политичката кариера му е поважна од работата за која добил доверба од граѓаните – вели Арсовска.

Таа посочи дека на скопјани им е доста од ароганција и неодговорност, а на Скопје конечно му е потребен поинаков концепт и способни луѓе кои ќе го реализираат она коешто ќе го ветат, а ќе ги подобрат оние нешта кои се нефункционални, за подобро и модерно Скопје.

 

Поврзани содржини