ДА НЕ СЕ ИЗНЕНАДИМЕ АКО РОДИТЕЛИТЕ ЈА ЗЕМАТ ПРАВДАТА ВО СВОИ РАЦЕ Данева бара кривични за организаторите на кампот за сексуална едукација

Професорката Ана Павловска Данева вели дека ова е досега најмасовна злоупотреба на правата на децата, а организаторите на овој скандалозен настан мора да бидат санционирани. 

1,454

Не стивнуваат реакциите во јавноста скандалот со извидничкиот камп за сексуална едукација, кој се организирал викендов близу Зелениково. Во кампот од малолетните учесниците барале да кажуваат имиња на фирми за производство на кондоми, колку секс партнери имале досега, да симулираат секс пози и слично. Скандалозните активности биле пријавени и во полиција.

Професорката Ана Павловска Данева вели дека ова е досега најмасовна злоупотреба на правата на децата, а организаторите на овој скандалозен настан мора да бидат санционирани.






„Она што им се случувало на децата во т.н. извиднички камп е досега најмасовна злоупотреба на правата на децата во нашава земја. Ако ова не биде санкционирано и МВР веднаш не поднесе кривични против организаторите, да не бидеме изненадени доколку родителите си ја преземат правдата во свои раце!“, напиша Павловска Данева на Фејсбук.

Поврзани содржини