ДА НЕ ПРЕТЕРАВТЕ МАЛКУ СО ФРИЗУРИТЕ? Кај две прцлиња, па и топче! (ВИДЕО)

Видете го најновиот хит. И немојте да се чудите ако пролетва почнете да се разминувате со луѓе со вакви фризури.

1,033

Сите ја паметиме фризурата „шофершајбна“ (така Јанко Илковски ја нарече за време на еден фудбалски телевизиски пренос) на бразилскиот фудбалер Роналдо на Мундијалот во 2002 година.

Целата глава ошишана „лустер“, а само напред , над челото, оставено малку косичка во форма на полумесечина.






Тогаш збесна младината. Секое второ дете на улица имаше таква фризура. Некои маалски бербери дури и си имаа изработено шаблон, па дневно шишаа деца како на лента.

И навистина, во тоа време, таквиот потег на најдобриот фудбалер на сите времиња, беше, во најмала рака, шокантен. Ако се сеќавате, тој подоцна во една прилика дури и се извини за изборот на фризурата.

– Им се извинувам на сите мајки кои ги гледаа своите деца со иста фризура – изјави Роналдо.

А сега, видете го најновиот хит. И немојте да се чудите ако пролетва почнете да се разминувате со луѓе со вакви фризури:

Поврзани содржини