ДА НЕ ЛЕТААТ РАКЕТИ И ДРОНОВИ НИТУ ВО УКРАИНА, НИТУ ВО РУСИЈА Лукашенко на Трамп му предложил воздушно примирје
Пред сè, можеме да разговараме за воспоставување воздушно примирје и прекин на огнот на линијата на контактот, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој минатата недела телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека минатата недела телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.
Според Лукашенко мора да се завршат неколку фази, за да се постигне мир.
– Но, сега најважно е да запрат борбите и загубите на животи. Пред сè, можеме да разговараме за воспоставување воздушно примирје и прекин на огнот на линијата на контактот. Всушност, да не летаат ракети и дронови во ниту една насока. Тоа е многу важно. И за Русите, исто така. За Украина уште повеќе – рече Лукашенко.
Тој додаде дека Русија можела да го употреби своето ново оружје – ракетниот систем „Орешник“, но не го направила тоа „бидејќи во целост е посветена на мирно решение“.