ДА НЕ ИСПАДНЕ ПОСЛЕ ПАК ЛАМБЕ Е НАДЛЕЖЕН! Апасиев советува што побрзо да се извади таблата „Ванчо Михајлов“ од клубот во Битола
Добронамерен совет: ај извадете ја побрзо (Општина Битола, Министерство за култура или МВР) - да не испадне после дека пак ЛАМБЕ е надлежен!, порача лидерот на Левица.
Димитар Апасиев од Левица на Фејсбук се пошегува со фактот дека таблата на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола уште не е извадена и покрај одлуката на Министерството за правда здружението да биде избришано од Централниот регистар бидејќи името на клубот е врзано со личност блиска до фашистичката идеологија.
„Го затворија фашистичкиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ од Битола, ама сега не знаат кој е надлежен да ја извади таблата!? Добронамерен совет: ај извадете ја побрзо (Општина Битола, Министерство за култура или МВР) – да не испадне после дека пак ЛАМБЕ е надлежен!“, порача лидерот на Левица.
Апасиев алудира на ланскиот инцидент кога пејачот Ламбе Алабакоски подметна пожар на местото на клубот.