ДА НЕ Е МАЛКУ ПРЕУВЕЛИЧЕНО? Мемоарите со сексуалните авантури на Диди можеби се фалсификат

Во заедничката изјава на Инстаграм, четирите деца на Портер велат дека се принудени да проговорат откако ги виделе „многу навредливите и лажни гласини“ за нивните родители.

609

Децата на манекенката Ким Портер и раперот Шон Диди Комбс соопштија дека мемоарите што ѝ се припишуваат на нивната почината мајка, а во кој се опишуваат наводни експлицитни сексуални авантури на Диди со познати личности, како и наводи за злоупотреба против Портер, се лажни. Портер, инаку, почина од пневмонија во 2018 година.

„Изгубените зборови на Ким: Патување за правда, од другата страна“ неодамна беше објавена на Амазон – од Џамал ​​Т. Милвуд за Кимберли А. Портер. Подоцна беше откриено дека Милвуд е истражувачкиот новинар Крис Тод, кој, под неговото презиме, во прилогот на книгата тврди дека една од последните желби на Портер била „овие мемоари да бидат јавно објавени“.






Во заедничката изјава на Инстаграм, четирите деца на Портер велат дека се принудени да проговорат откако ги виделе „многу навредливите и лажни гласини“ за нивните родители.

– Тврдењата дека нашата мајка напишала книга се едноставно невистинити. Таа не го напишала тоа. И секој, што тврди дека има ракопис, лажно се претставува себеси. Дополнително, ве молиме, разберете дека секој таканаречен „пријател“ кој зборува во име на нашата мајка или на нејзиното семејство, не е пријател – велат синовите и ќерките на Портер.

Ким, инаку, го има синот Квинси (33) – со музичарот Ал Б. Шур, како и Кристијан (26), и ќерките-близначки Џеси и Д’Лила (17) – со Диди.

Потпишаните четворица ги замолија своите следачи да ја почитуваат нивната мајка и „да го почитуваат нејзиното наследство за да почива во мир“, како што се вели во написот.

Поврзани содржини