„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДУИ ДА НАПРАВИ ДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ“ Мицкоски повика на целосно народно и седржавно обединување против актуелната власт

Подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и ќе направиме многу повеќе. Нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не било моја цел, ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и никој не смее да се плаши, освен тие што се огрешиле кон законите. Е тие ќе одговараат до последниот, рече Мицкоски.

8,900

Денеска народот во Мaкедoнија покажа дека ја сака Mакедонија и дека секој оној кој го потценува народoт и ја потценува Македонија прави голема грешка. Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите работи се случија. Ветував дека ќе се случи народ и се случи народ. Пораката е јасна и единствена: Македонија не се плаши и Македонија се враќа во рацете на народот. Македонија е на нозе. Нашата силе сте вие народот. Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и од корупцијата и дека народот е определен. Ѕвоната сепак ѕвонат за татковината. Резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имало од позиција на опозиција. Над 600.000 луѓе гласа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена и им виси над глава, а на 8 мај ќе ги стопи целосно – рече Мицкоски.






Според него, ова е револуција на народот на Македонија. Но работата не е завршена а власта не е ни малку наивна.

– Првиот круг е жолт картон, конечниот, црвениот мора да свети на 8 мај, кога е потребен убедлив резултат и јасна победа врз оваа корумпирана власт. Морам да го споделам чувството на грижа. Свесен сум и треба да биде секој што е со мене дека треба да испорача брзи резултати, нѐ чека многу работа, проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот. Мораме да ја промениме сликата за реалноста, секој еден глас беше даден за менување на работите. Состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса и затоа мораме да ја оправдаме. Благодарност за секој глас. Подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и ќе направиме многу повеќе. Нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не било моја цел, ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и никој не смее да се плаши, освен тие што се огрешиле кон законите. Е тие ќе одговараат до последниот – рече Мицкоски.

Тој, како што рече, на идната претседателка на Македонија ѝ посака успешен мандат затоа што верува дека тоа ќе се случи.

– Жалам што многумина денеска ќе бидат разоачрни. Народе на Македнија, ви благодарам. Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше. Докажа дека верува и дека е горда, дека ја направи Македонија повторно горда. Професорке заедно ќе успееме – додаде Мицкоски.

Тој соопшти дека пред да се обрати се слушнал со Арбен Таравари кому му посакал успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.

– Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети – најквалитетните Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци… Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите кои никој од нас не ги сака, а тоа е да направи добар резултат. Затоа ве повикувам сите да излеземе да гласаме за Македонија да биде повторно ваша и горда. Покажете им на сите дека Македонија живее – повика Мицкоски.

Тој потсети дека пред една недела повикал на национално единство.

– Но после денешниот ден, јас повикувам на целосно народно и седржавно обединување против оваа власт, подавам рака и ги повикувам сите дојдете да се сплотиме и обединиме. Овде имаме работа поважна од секоја партија. За Македонија се работи, ова е тоа време, ова е нашето време, сега е моментот да се обединиме. Вечерва славиме, утре се гледаме на терен, меѓу народот – нагласи Мицкоски.

Тој најави дека деновиве ќе се разговара за поддршка во вториот круг со албанската опозиција.

Поврзани содржини