ДА НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка на македонската кошарка
Оваа соработка не е еднократна и краткорочна, туку и понатаму ние ќе даваме поддршка на македонскиот спорт. Да навиваме заедно за Македонија, рече Вики Чадиковска од Видеолотарија Касинос Австрија.
Видеолотарија Касинос Австрија и Кошаркарската федерација на Северна Македонија на прес-конференцијата официјално објавија спонзорството на машката македонска кошаркарска репрезентација.
– Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш покажува дека продолжува со поддршката во спортот и во таа насока денес споделеува убава информација со вас, спонзорство на Кошаркарската федерација за двата натпревара кои се делат од претквалификациите за Евробаскет 2025. Јас можам да напоменам дека и претходно соработувавме заеднички и верувам дека сите заедно ќе навиваме за македонската репрезентација. Оваа соработка не е еднократна и краткорочна, туку и понатаму ние ќе даваме поддршка на македонскиот спорт. Да навиваме заедно за Македонија – рече Вики Чадиковска од Видеолотарија Касинос Австрија.
Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ се заблагодари за поддршката која ја добиваат од Видеолотарија.
– За добри услови се потребни финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и благодарност до целиот нивни тим. Потребни се одлични услови за клучните два натпревара за нашите репрезентативци, а Видеолотарија излезе во пресрет да ни помогне во таа намера. Апел до уште повеќе компании да помагаат во кошарката, фудбалот и во кој било друг спорт – изјави Антиќ.
Македонската кошаркарска репрезентација утре игра со Норвешка, а три дена подоцна (13 ноември) со Данска. Двата натпревара ќе се играат во Гевгелија.