ДА МУ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ЗАЕВИЗМОТ Решение за хаосот е во предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев и заевизмот се изворот на кризите во Македонија и тие не може да бидат во никој случај дел од решението.

182

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, бидејќи смета дека решението на кризата во земјава не во нов премиер од СДСМ по оставката на Зоран Заев.

– Народот на последните избори го порази Заев, но и концептот на заевизмот. Затоа поставувањето на пиони на заевизмот, не е решение, туку само продолжување на една погубна и штетна политика. Заев и заевизмот се изворот на кризите во Македонија и тие не може да бидат во никој случај дел од решението – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму сметаа дека причина за кризата е токму владеењето на Заев и СДСМ.

– Концептот на заевизмот кој длабоко го всади Зоран Заев е причината поради која сме во енергетска криза, здравствено и економско тонење, осиромашување на народот и богатење на елитата околу власта на Заев. Затоа на Македонија и требаат коренити промени. Спроведување на предвремени парламентарни избори е решение на проблемите на граѓаните и државата во кои ги доведе Заев и неговата политика – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини
na