ДА МУ СЕ ДУПНЕ ТОПКАТА НА КОМШИЈАТА Англичанецот ни се воодушевува, Гркот ни љубомори (ФОТО)

Балканот нема да биде Балкан ако не се замешаат комшиите.

2,395

Род Смит е Англичанец, кој исто како и многумина, не останал рамнодушен на фудбалскиот спектакл што го приредија македонските фудбалери синоќа во Палермо.

Откако заврши натпреварот и откако Македонија ја елиминираше Италија од Светското првенство, Смит пишал најобична честитка за македонските фудбалери, а дури им порачува на своите Англичани дека можат да учат од Македонците.






Ама, Балканот нема да биде Балкан ако не се замешаат комшиите. Па така, под коментарот на Смит се појави друг коментар од некој Грк: „Македонија е грчка!“.

Најјакото е тоа што Смит, мртов ладен, му одговара на Гркот: „Океј, Сократ!“.

Поврзани содржини