ДА КРУНИСУВАВМЕ КРАЛ ЌЕ БЕШЕ ПОМАЛКУ СПЕКТАКУЛАРНО Максим го спореди славјето на ДУИ со свеченоста во Бекингемската палата

Без преседен е да се возат новинари во странство во државни возила, како што беше вчера случајот со четворица новинари од Албанија и Косово, по повод собраниската седница за изборот на Џафери за нов технички премиер, рече претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

654

Да крунисувавме крал, ќе беше помалку спектакуларно. Имавме сведоштва минатата година, во Бакингемската палата, се крунисуваше принцот Чарлс во крал и немаше таков пренос. Тоа што вчера и денеска се случи во Македонија, демонстрира супериорност на ДУИ, којашто е аздисана од власт и која по секоја основа се обидува да ги фрустрира најголем дел од гласачите од македонската нација и да собере одредени ситни политички поени во очите на албанскиот електорат, вели градоначалникот на Куманово и претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски за примопредавањето на премиерската функција на новиот технички премиер Талат Џафери.

Според него, нема големи надежи да размислува дека оваа Влада може непристрасно да се однесува до почетокот на изборите.






– Без преседен е да се возат новинари во странство во државни возила, како што беше вчера случајот со четворица новинари од Албанија и Косово, по повод собраниската седница за изборот на Џафери за нов технички премиер. Ова е координирано од штабот на министерот и член на ДУИ, Артан Груби. Тоа што го демонстрираа во Собранието и во службениот кабинет на Груби со пијалаци, покажува само една типична аздисаност на власт од ДУИ и дека никој ништо не им може, а СДСМ молчи, борејќи се за фотелјите – рече Димитриевски во емисијата „Само вистина“.

Поврзани содржини