МЛАДИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ ЗАТОА ШТО ЗА КУЌА ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ НИТУ ГАРСОНИЕРА ВО СКОПЈЕ Потребен е нов закон за урбанизам кој ќе го работат експерти, вели Николоски
Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3.000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се сè концентрираше во главниот град, од Скопје се град - држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо, посочи министерот Николоски.
Заради притисокот што потекнува од Законот за урбанистичко планирање, цената за метар квадратен во општините Центар и Карпош достигна до 3.000 евра, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување на ТВ Сител.
– Заради овој притисок кој го имаме, квадрат во Центар и Карпош стигна до 3.000 евра. Нас ни се случува да луѓе во внатрешноста продаваат двокатни куќи за 50.000 евра, а во Скопје или во овие две општини, за тие пари не можат гарсоњера да купат и следно што прават – се иселуваат. Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3.000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се сè концентрираше во главниот град, од Скопје се град – држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо – посочи министерот.
Тој понуди да се изработи целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое би го работела комисија од хетероген состав со претставници од најрелевантни невладини организации.
– Она што сакам еве вечерва да го понудам од тука еве нова работа да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите сегменти и сите сектори кој би го работела комисија од хетероген состав во кој би имало претставници од најрелевантните невладини организации, здруженија на граѓани што ќе е прв пат во историјата на изработување на закон да здружение на граѓани, односно невладини организации бидат вклучени од самиот старт на подготовка на законот – посочи Николоски.
Тој исто така додаде дека со измените што се донесоа ќе се олеснат постапките за изградба на здравствени и образовни објекти и катни гаражи.
– Факт е дека на Македонија ѝ треба нов Закон за урбанистичко планирање. Ова што вчера го донесовме во Собранието се едни мали измени кои пред се сè насочени кон олеснување на процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи во 100% државна или општинска сопственост финансирани исклучиво од буџетот или од буџетот на општините и затоа всушност ниеден амандман не поднесе никој од опозицијата и никој не побара збор од опозицијата нити од ДУИ, Левица или СДСМ нити на комисијата, нити на пленарната седница против овој закон – истакна Николоски.
Министерот Николоски потенцираше дека за овој закон освен отпор од едно здружение, засега нема забелешки од други субјекти.