ДА ИМА ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ, А ПОМАЛКУ ЗА СДСМ И ЗА ДУИ Со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобро за сите
Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе биде согласна за компромисот кој го постигнаа работодавачите и синдикатот, но во исто време пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата, посочи портпаролката на партијата Марија Митева.
Таа посочи дека очекува власта веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и во администрацијата. Портапорлаката истакна и „дека преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата“.
– Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична. Да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ – порача Митева.