ДА ГО ДОЧЕКАМЕ БОЖИК ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ И РАДОСТ Честитка од претседателот Стево Пендаровски

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божик и да ви посакам празникот на Христовото раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа, напиша шефот на државата во божикната честитка.

141

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање –Божик, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

„Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа. Празникот на Христовото Раѓање, Божиќ, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество. Нека големиот празник ни даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба“, пишува претседателот во честитката.

Поврзани содржини