БРОЈ 9 ЗА 64 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ПОРАЧА САЈКОСКИ Ветувањата ја обврзуваат ВМРО-ДПМНЕ, вели генсекот

Ние одиме со дела, затоа одиме кон успеси. Затоа ветувањата дадени овде нè обврзуваат, ветивме и напорна работа за локалната самоуправа Владата испорача и за општините и за сите сфери на општественото живеење, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на последниот митинг за првиот круг на локалните избори што се одржа вечерва во Охрид.

58

Да излеземе масовно на 19 октомври, да гласаме за број 9 за 64 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и за листите со кандидати за советници, порача генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, на последниот митинг за првиот круг на локалните избори што се одржа вечерва во Охрид.

Сајкоски укажа дека актуелната Влада направи исчекор кој го нема направено ниту една влада, посебно не за така краток период за само нешто повеќе од една година.






– Оваа Влада направи економски раст, донесе нови инвестиции, работи на подобрување на инфраструктурата. Ние одиме со дела, затоа одиме кон успеси. Затоа ветувањата дадени овде нè обврзуваат, ветивме и напорна работа за локалната самоуправа Владата испорача и за општините и за сите сфери на општественото живеење – кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека патриотизам денес е кога ќе испорачаш за својата држава, за својата улица и општина.

– Патриотизам е кога ќе испорачаш проекти. Тука во Охрид имаме човек кој покажа со дела како се сака Охрид, тоа е Кирил Пецаков. Тој во наредните години ќе продолжи само со позасилено темпо – вели Сајкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ повика на масовна излезност на 19 октомври во недела.

– Да излеземе заедно, масовно на 19 октомври, да гласаме за број 9 за 64 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и за 77 листи со кандидати за советници – рече Сајкоски.

Поврзани содржини