„ДАЈ ГИ ПАРИТЕ ИЛИ ЌЕ ТЕ УБИЈАМ“ Ограбена банка во населбата Илинден, крадецот вперил пиштол кон вработените
„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во населбата Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, соопштија од МВР.
Оружен грабеж на банка се случи утринава во скопската населба Илинден.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), лице со качулка влегло во банката и им се заканило на вработените дека ако не ги дадат парите, ќе бидат убиени. Им извадил и пиштол. Тој успеал и да избега.
Од МВР излегоа со кратка информација.
„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во населбата Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, соопштија од МВР.
Полицијата во моментов врши увид, а информации од Министерството за внатрешни работи најавуваат во текот на денот.
Засега е непознато со колкав плен побегнал крадецот.