ДА ГИ ОДБРАНИМЕ ДЕЦАТА ОД БЕЗБОЖНИТЕ ПРОПАГАНДИ! Поглаварот г.г. Стефан од собирот против законите за родова еднаквост

Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обврзувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади – рече г.г. Стефан.

2,213

Секогаш кога и најдобронамерно ќе кажеме нешто се обидуваат да не замолчат со секуларниот карактер на државата, секуларноста на државата секогаш толкувајќи ја спротивно на Уставот, во кој црквата и останатите верски заедници имаат свое место и загарантирани права. Секуларно општетство не значи и безбожно општество – рече архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во неговиот говор на собирот што се одржа вечерва пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Собирот, кој е во организација на МПЦ-ОА, се одржува под мотото „Имаме должност“ , а во знак на протест против законите за родова еднаквост и матични евиденции кои се во процедура на носење.






Поглаварот на МПЦ нагласи дека овие закони се дел од нова идеолошка пропаганда, со која се подметнува поимот „род, кој се изопачува од она што досега бил. Тој во својот говор рече дека го разбира стравот на родителите за нивните деца ако овие закони станат обврзувачки.

– Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии.

Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обврзувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри – праша поглаварот на МПЦ.

Тој како дел од оваа пропагнада ја гледа и Истамбулската конвенција, за која рече дека под плаштот на заштита на жената ја загрозат токму жената која е столб на семејството и на општеството.

– Јасно и гласно да ја кажеме вистината наспроти професионалните експерти за замена на тези. Велат дека ќе ја ослободат жената од стегите на црквата, а ја сведуваат на поткатегорија, изедначувајќи ја со мажи кои никогаш нема да бидат жени во вистинска смисла на зборот. На тој начин го искажуваат насилството врз жената – рече г.г. Стефан во својот говор.

На собирот присуствуваат повеќе илјади граѓани, црковни великодостојници,

сите членови на Синодот на МПЦ-ОА, претставници на католичката и евангелско-протестантската црква, меѓу кои и скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов. Претставници од ИВЗ претходно писмено известија дека поради верскиот празник Курбан Бајрам не се во можност да присуствуваат на настанот, но изразија поддршка.

На собиирот присуствуваа многу јавни личности, академици, професори, интелектуалци.

Собирот беше отворен со изведба на неколку тропари, а претходно во 16.30 часот се одржаа вечерна богослужба и молебен.

Академик Катица Ќулавкова, во своето обраќање побара повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи тие се сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот

„На протестот ќе видите многу луѓе кои што се препознатливи за ВМРО-ДПМНЕ, како и голем дел од пратеничката група пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, голем број партиски членови и активисти. И самото тоа говори за ставот јасен на ВМРО-ДПМНЕ и мој личен. И да не беше ова наше денешно интервју и Вашата покана и јас ќе бев таму заедно со моето семејство”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека е апсолутно против законите и го поддржува протестот на МПЦ-ОА.

Тој рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи предложените законски измени.

 

 

 

 

Фото: МИА

 

Поврзани содржини