„ДА БИДЕМЕ ПРИМЕР ЗА СПОРТСКА КУЛТУРА!“ Минов побара фер и спортско навивање во недела

127

Претседател на РК „Алкалоид“ Горан Минов денеска апелираше до публиката да jа покаже љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб со фер и спортско навивање.

– Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу „Алкалоид“ и АЕК, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб „Алкалоид“ со фер и спортско навивање. Да навиваме со срце, да бодриме со почит и да покажеме дека вистинските навивачи се дел од фер-плејот на теренот. Ви благодариме за сета досегашна поддршка и убавите коментари за првиот одигран натпревар против АЕК. Во недела имаме пред нас уште 60 минути тежок и голем предизвик. Публиката како никогаш до сега имаме потреба да нè бодри, да навива за нас, покажувајќи респект и почит кон гостинската екипа, во духот на фер-плејот – рече Минов.






Со нив на трибините во недела ќе биде и нивниот најмлад навивач кој има само 2 години, а единствената официјална навивачка група на РК „Алкалоид“, „Кафетинки“ е вистински пример за тоа како е да се навива гласно, но од срце и со стил.

– Да бидеме пример за спортска култура кон нашиот тим, гостите и претставниците на европската куќа на ракометот, затоа што спортот не е само борба за победа, туку и празник на почитта, заедништвото и витешката игра – порача Минов.

 

 

Поврзани содржини