ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА УШТЕ ИНЦИДЕНТИ Полскиот претседател вели дека било невозможно земјата да се одбрани од проектилите

Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи сѐза да спречи повторување на тоа што се случи, иако во инцидентот не беше можно полската противвоздушна одбрана да реагира и да го собори проектилот, пишуваат полските медиуми.

247

Полска мора да биде подготвена за повеќе инциденти поврзани со руската војна во Украина, предупреди денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, цитиран од ДПА.

– За жал, мораме да бидеме подготвени за уште такви инциденти на нашата граница – рече полскиот претседател, мислејќи на ракетата што неделава падна на полска територија.






Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи сѐза да спречи повторување на тоа што се случи, иако во инцидентот не беше можно полската противвоздушна одбрана да реагира и да го собори проектилот, пишуваат полските медиуми.

Полскиот претседател кажа дека ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што може да ја заштити целата нејзина територија, особено толку блиску до границата, ако нема стратешки, критични објекти кои се специјално чувани.

Поврзани содржини