Д-р Зибери: Кандидат сум за пратеник и имам право на политички ставови, Филипче да не ја злоупотребува говорницата

875

Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук профил да имам и политички ставови, притоа во ниту еден момент не злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам, како што, за жал, прави министерот – изјави директорот на ЦЈЗ, Арбен Зибери, за неколку медиуми, откако министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека уште денеска ќе го разреши од функцијата директор на скопскиот Центар за јавно здравје.

Најавата за смена на д-р Зибери следуваше по неговите објави на Фејсбук дека издејствувал отварање на  границите без тестови, а за да можат Албанците од дијаспората да гласаат, а тоа, како што објави тој, е и благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на Владата. 






– Ја видов изјавата, а невистина е дека директорот Зибери е член на Комисијата за заразни болести. И тоа е негова лоша предизборна реторика и ништо нема да добие со тоа д-р Зибери. Комисијата работи врз медицински  индикатори и изјавата не доликува на доктор и човек што раководи со таква институција. Ќе биде сменет д-р Зибери денеска, ако може, ако е правно изводливо ! – нагласи попладнево на прес-конференција министерот Филипче

Д-р Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица, инаку е  роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер.

 

 

Поврзани содржини