Д-р Усеини: Како што расте бројот на болни од ковид-19, расте и потребата од плазма, донирајте ја!

Ние имаме многу хумана популација и сакам да ја искористам приликата и да се пофалиме со оглед на тоа дека речиси сите земји во светот се соочуваат со недостиг на крвни продукти, тоа не е случај со нашата земја. Дарувањето на конвалесцентна плазма лесно се прифати, одѕивот секој ден се зголемува и дарувањето на конвалесцентна плазма е сѐ поголемо, вели д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина во разговор за Плусинфо.

4,552

Следејќи ги најразвиените земји, ние сме меѓу првите кои изготвивме протокол за користење на конвалесцентна плазма. Со овој најнов пораст на новозаболени, потребата од конвалесцентна плазма ќе биде сѐ поголема, затоа ги охрабрувам оздравените да се пријават за дарување на плазма, вели д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина на РМ, во разговор за Плусинфо.

Оваа институција пред повеќе од два месеца се вклучи во лекување на болните од ковид-19 со подготвување на плазма од пациенти – конвалесценти кои ја прележале болеста.






Д-р Усеини појаснува и како плазмата се бори и го уништува корона вирусот, каков е одѕивот на излекуваните за помош и спасување на животот на болните од ковид-19 со дарување на овој крвен дериват, којшто може да се донира по два негативни теста, и околу три недели по оздравувањето.  

Велат дека плазмата е еден од најдобрите лекови против смртоносниот вирус. Како делува таа кај заразените со вирусот, како го „неутрализира“?

– За едно лице да оздрави од болеста ковид-19 потребно е неговиот организам да создаде имунитет против предизвикувачот на болеста т.е. коронавирусот. Односно непознатите агенси (вируси, бактерии и тн.) кои влегуваат во нашиот организам, ќе бидат препознаени како туѓи и се покренува имунолошкиот систем. Се препознаваат или откриваат одредени молекули или супстанци на вирусната клетка кои се нарекуваат антигени и на тие антигени нашиот организам создава специфични антитела кои го сочинуваат хуморалниот имунитет. Специфичниот имунитет е комбинација од два вида на имунитет: хуморален и клеточен. Со создавање антитела организмот веќе го уништува присуството на вирусот кај човекот. Овие антитела опстојуваат подолго време и може преку дарување на плазма да бидат префрлени кај друго лице заболено од ковид-19, што, според досегашните искуства, е треман кој дава надеж во излекувањето. Антителата се врзуваат за антигенот, односно вирусот и преку имунолошки одговор го неутрализираат и го уништуваат вирусот.


Д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина на РМ

 

Д-р Усеини, како се добива овој крвен продукт? 

Постојат два начина на добивање конвалесцентна плазма. Едниот е преку процедура плазмафереза која се одвива на современ клеточен сепаратор при што директно се издвојува само плазмата, а останатите крвни продукти се враќаат на дарителот и другиот е преку стандардно дарување на целокупната крв, од која потоа се одделува плазмата со стандардна метода на сепарација на крвта во крвни продукти. Институтот за трансфузиона медицина следејќи ги искуствата од другите земји за користење на конвалесцентна плазма во третманот на пациенти со ковид-19изготви протокол за донирање на конвалесцентна плазма, усогласен со меѓународни стандарди како AABB (Американска Асоцијација за крвна банка) и EDQM ( Европски директорат за квалитет во крвна банка).

Дали пациентите кои ја добија битката со вирусот, од кои единствено може да се добие овој драгоцен  лек, тешко или лесно се убедуваат да даруваат плазма за да спасат некој болен? Каков е одѕивот?

– Секој почеток е тежок. Ние имаме многу хумана популација и сакам да ја искористам приликата и да се пофалиме со оглед на тоа дека скоро сите земји во светот се соочуваат со недостиг на крвни продукти, тоа не е случај со нашата земја. Ќе искористам прилика да им се заблагодарам на нашите крводарители за нивната посветеност, хуманост и алтруизам. Исто така, и дарувањето на конвалесцентна плазма лесно се прифати, одѕивот секој ден се зголемува и дарувањето на конвалесцентна плазма е сѐ поголемо на неделна основа.

Колку од овој лек досега ставивте на располагање на Инфективна клиника, ГОБ „8 Септември“ и на другите болници во земјата? А колку резерви од овој драгоцен дериват има на Институтот?

– Досега се обезбедени 27 единици на конвалесцентна плазма, 14 единици од 7 дарувања со плазмафереза на современ клеточен сепартаор и 13 единици преку стандардно дарување на крв.  Издадени се 21 единица,  а во нашата установа имаме уште 6 единици.

Како болниците да се поттикнат повеќе да ја користат плазмата во третманот на болните од корона?

– Третманот на пациенти со конвалесцентна плазма е процедура која сѐ уште се води како истражувачка т.е. не е стандардна процедура, и нормално е да се има одредена резерва во нејзиното користење како третман. Но, сепак, инфектолозите и лекарите од друга специјалност кои учествуваат во пружање на здравствена заштита на овие пациенти поставуваат индикација за користење на плазма во лекувањето на пациентите со ковид-19. Ние како земја следејќи ги најразвиените земји сме меѓу првите кои изготвивме протокол и користење на конвалесцентна плазма. Оздравените може да се пријават за дарување плазма со пополнување на електронски формулар на линкотhttp://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

 

Поврзани содржини