Д-р Трајковски: Пикот се очекува на почетокот на април, тогаш ќе имаме и по 1.400 новозаразени

Моментално гледаме се процесираат 4.400 тестирања на ден, а за да можеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5.000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне - вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола.

17,801

Дневните бројки на зболени од ковид-19 ќе растат уште две недели, а во почетокот на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а од средината на следниот месец, бројот на позитивни ќе се намалува, вели за Телма универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски во најновата математичко статистичка-анализа за епидемиолошката состојба во земјава.

– Доколку се остане вака како што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден, во пикот би имале 1.100 новозаразени во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1.300 и 1.400 нови случаи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4.400 тестирања на ден, а за да можеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5.000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне – вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола.






Тој додаде дека британскиот сој на вирусот е попренослив, но дека не резултира со огромни бројки поради поголемиот степен на прележаност.

Поврзани содржини