Д-р Стојанов: Сѐ повеќе млади завршуваат на кислородна поддршка или на респиратор

Со кластери е полесно, ги знаете луѓето и ги изолирате, но сега веќе е излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир сѐ уште води но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели директорот на Центар за јавно здравје Скопје.

1,333

Сѐ помлади лица без претходни заболувања завршуваат на респиратор или на кислородна поддршка во македонските болници како последица на ковид-19, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител.

– Ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик беа повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата според епидемиолозите е обратна. Сега се повеќе млади луѓе ни заболуваат. Имаме ситуација кога помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно. Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане, но кусо е времето за да го осознаеме – вели др. Александар Стојанов.






Најголемо жариште на вирусот е главниот град каде во моментот има повеќе од 2000 активни случаи.

– Со кластери е полесно, ги знаете луѓето и ги изолирате, но сега веќе е излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир сѐ уште води но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји – вели др. Стојанов.

Поврзани содржини