Д-р Никола Пановски во гостување на Канал 5 вели дека со 400.000 вакцини може да се постигне заштита од ковид-19.
Тој смета дека до март, кога се очекува да стигне вакцината против корона вирусот, 600.000 граѓани, на некој начин, ќе имаат стекнато имунитет на болеста, затоа што ја прележале на некој начин, со или без симптоми.
– Ако вакцинираме уште 400.000 илјади луѓе, за кои веќе е обезбедена вакцината во две дози, тоа ќе биде доволно за да сметаме дека наеселението е заштитено – вели др Пановски.
Според него, децата, на почетокот од учебната година, ако болеста се уште постои, ќе си ја предадат еден на друг и ќе стекнат природен имунитет, така што заштитата на населението ќе биде постигната.
Следното лето, тој смета дека ќе биде порелаксирано од ова што го поминавме, но дека маски ќе продолжиме да носиме од страв, а не од некој реална оправданост.
Д-р Пановски смета дека со добра организација, ранливите категории граѓани и здравствените работници, може да бидат вакцинирани во два месеца.
– Се чудам како е можно граѓаните да одбиваат да се вакцинираат бидејќи вакцините имале нус ефекти, а не го читаат упатството за употреба на антибиотици – рече д-р Пановски.
Прашан за евтионот лек Ивермектин, Пановски вели:
– Ивермектин најмногу го знаат ветеринарите, тоа е лек кој постои одамна, го даваа во Австралија со доксицилин, го даваа во Индија, Бангладеш, Египет и имаа резултати со евтин лек. Тоа нешто кажува дека нешто не е во ред во борбата со пандемијата, ако луѓето пиеја евтини, ама фантастични лекови, да помогнеше државата ќе беше поинаку, бидејќи и онака сакаат да пијат лекови. Треба да се размисли итно да се дава лек кој спасува животи, лекот постои 50 години треба да се набави, лекот е многу евтин. Австралија почна да го дава прва и ефектот е добар.
Според него, ивермектинот може да се пие кај здрави кои биле во контакт и кај болни.
– Некои бараат големи студии, ако се почне сега ќе завршат во јуни. Има еден научник во Америка вели подобро да пијат Ивермектин кој би чинел 3,5 милијарди отоколку вакцина која чини 13,7 милијарди долари – вели Пановски.