Д-р Пановски предупредува: Најризични се контактите подолги од 20 минути, со зборување, кашлање, кивање

Микробиологот Никола Пановски вели дека единствената заштита од инфекцијата е да се одбегнуваат долги контакти со луѓето, а исто така посочува дека рестораните и кафулињата ги исполнуваат сите услови за пренос на вирусот, особено во затворен простор.

7,191

Еден од врвните микробиолози во земјава, д-р. Никола Пановски, предупредува дека главните ризици за ширење на коронавирусот се растојанието помало од два метра помеѓу луѓето, подолгиот контакт од 20 минути, како и зборувањето, кашлањето, кивањето и пеењето за време на контактот.

Тој вели дека единствената заштита од инфекцијата е да се одбегнуваат долги контакти со луѓето, а исто така посочува дека рестораните и кафулињата ги исполнуваат сите услови за пренос на вирусот, особено во затворен простор.






„Главен ризик за инфекција со ковид-19 е растојание помало од два метра, подолг контакт од 20 минути, зборување, кашлање, кивање и пеење за време на контактот. Избегнувајте таков вид контакти, а ако морате носете маска. Ова се сознанија научно и стручно докажани за сите респираторни инфекции уште пред 100 години, а важат и за ковид-19“, објаснува Пановски.

Тој ги коментира и мерките на Владата за носењето заштитна маска на отворено и на затворено.

„Ресторан, кафе бар, исполнети сите услови за пренос, особено во затворен простор. Мерка на Владата на РСМ: Не треба маска! Пешачење на кеј, седење на клупа сам во парк, велосипед: Можен контакт поблиску од 2 метра во траење од 1 до 5 секунди. На планина, нива, можен контакт на дистанца од 10 метри. Мерка на Владата на РСМ: Задолжително носење маска. Кој не полуди тој не е нормален. Јас полудев, дали тоа значи дека сум нормален?“, пишува Пановски.

Главен ризик за инфекција со Ковид 19:1. Растојание помало од 2 метри2. Долг контакт, 20 минути и повеќе3. Зборување,…

Nikola Panovski 发布于 2020年10月14日周三

Поврзани содржини