Д-р Пановски: Колективен имунитет стекнавме поради заразувањето, а не поради вакцините
Микробиологот рече дека добар дел од населението веќе е имуно на пандемијата, но дека и топлото време има влијание за намалување на бројките.
Граѓаните стекнаа колективен имунитет поради природното заразување, а не поради вакцините, рече микробиологот д-р Никола Пановски во денешното гостување на Алфа.
– Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа и некои завршија во болница. Според сите проценки, околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите – вели Пановски.
Тој рече дека добар дел од населението веќе е имуно на пандемијата, но дека и топлото време има влијание за намалување на бројките.