Д-Р ЈОВАНОВСКИ ЗА ЉУБОВТА ПРЕДРАСУДИТЕ И ВЕЧНОТО ОГНИШТЕ Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи иселувањето од Кичево

Јас верувам дека заеднички може да направиме Кичево повторно да стане привлечно место и место каде може да се живее пристоен живот, а со тоа да направиме подобра иднина за нашите дечиња и за нашите идни поколенија. Јас верувам дека заеднички можеме да го спречиме иселувањето на младите луѓе, па дури и да ги вратиме оние кои веќе се иселиле“, вели д-р Јовановски.

878

Kандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ д-р Александар Јовановски на Фејсбук ја раскажа својата животна приказна проткаена со голема љубовв кон татковината и родното Кичево, а преку неа и мотивите да се кандидира за градоначалник.

Д-р Јовановски раскажа и за големата љубов со која заедно со неговата сопруга Линдита успеале да ги надминат сите пречки и предрасуди.






„Во 2006-та година јас се вработив како Професор по медицински предмети во ОСУ „Мирко Милески” – Кичево, а во 2010 год. запишав специјализација по интерна медицина. Додека работев како професор ја запознав мојата најголема љубов и сегашна сопруга – Линдита. Во почетокот нашата љубов беше табу тема, бидејќи се работеше за љубов помеѓу Македонец и Албанка. Сепак со помош на нашата решителност успеавме да ги надминеме сите пречки и предрасуди, а љубовта да ја крунисаме со брак од кој се родија нашите три прекрасни дечиња – Јана, Живко и Дафина. Со тоа на многумина им докажавме дека во животот може да се направи и она за кое мислат дека е невозможно“, пишува д-р Јовановски.

Тој е убеден дека Кичево може, да ги натера луѓето да останат овде и целиот свој живот да придонесуваат за развојот на градот и  општината.

„Јас верувам дека заеднички може да направиме Кичево повторно да стане привлечно место, и место каде може да се живее пристоен живот, а со тоа да направиме подобра иднина за нашите дечиња и за нашите идни поколенија. Јас верувам дека заеднички можеме да го спречиме иселувањето на младите луѓе, па дури и да ги вратиме оние кои веќе се иселиле“, вели д-р Јовановски.

Поврзани содржини