Д-р Ненад Лазаров: Следнава недела со коронава ќе уриваме нови рекорди!

Убеден сум дека епидемијата е далеку од природен "замор", а ние ништо сериозно не преземаме вели тој.

2,614

Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо сериозно и драстично не преземаме. Убеден сум дека епидемијата е далеку од природен “замор”, по она што го гледам кај моите пациенти, кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти.

Ова на Фејсбук го напиша д-р Ненад Лазаров, кој минатата недела за Фокус предвиде дека во неделава што изминива ќе имаме 1.200 новозаразени на ден.






– Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува а јас во тоа верувам и почитувам. И минатата недела, еве и сега, пцујте и навредувајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата. Јас имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме чита – напиша д-р Лазаров.

Поврзани содржини