Д-р Кунгуловски: Руската вакцина е одличен кандидат, треба да се одобри што побрзо во Македонија

Резултатите изгледаат одлично! Ефикасноста на вакцината е 91,6% во рок од 21 ден после примањето на првата доза. Далеку подобра од таа на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals.

1,740

Руската вакцина треба да биде одобрена за употреба во Македонија најбрзо што може, напиша на својот профил на Фејсбук доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Клиниката „Жан Митрев“, објавувајќи податоци за оваа вакцина.

„Излегоа резултатите од клиничката студија во фаза 3 на руската вакцина Sputnik V во реномираното списание The Lancet. Вакцината е базирана на аденовирусна векторска технологија, слично како вакцините на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals. Резултатите изгледаат одлично! Ефикасноста на вакцината е 91,6% во рок од 21 ден после примањето на првата доза. Далеку подобра од таа на AstraZeneca и Janssen Pharmaceuticals. Ова значи дека дури и една доза од вакцината води до значајна (и можеби и доволна) заштита кај најголем дел од луѓето против ковид-19, во сите старосни граници“, напиша Кунгуловски.






Ете уште еден кандидат којшто треба да биде одобрен за употреба во Македонија најбрзо што може, додава тој.

Поврзани содржини