Д-Р КЕДЕВ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД КОМИСИЈАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО Незадоволен е од застојот на контролите за непотребни кардиохируршки интервенции

Засега нема потврда дали и кога ќе почне со работа комсијата со странски експерти за разрешување на овој скандал.

802

Професорот и академик, кардиологот Сашко Кедев се полекува од здравствениот совет во министерството за здравство, објави Канал 5.

Во оставката како причина за повлекувањето е застојот во почнатите контролни процеси откако тој откри дека им се правеле тешки и скапи интервенции кардиолошки интервенции на пациенти на кои не требало да се направат.






Засега нема потврда дали и кога ќе почне со работа комсијата со странски експерти за разрешување на овој скандал.

Исто така, дел од комисијата реагира дека во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет, а биле поставени доктори интернисти и доктори од судка медицина.

Скандалот со непотребно направени интервенции во приватните болници го откри кардилогот Сашко Кедев кој во интервју објасни дека кај пациенти кои биле на контрола е увидено дека не им била потребна тешка интервенција во приватна болница, за што е потрешена голема сума на пари од Фондот за здравство.

Министерот за здравство не ја потврди причината за повлекувањето на кардилогот Кедев.

Поврзани содржини