Д-р Караџовски за ТВ21: Со крајни сили се обидуваме да го одржиме капацитетот на болниците

Ние сме уморни, бидејќи во последните 7 месеци функционираме до крајни граници - рече Караџовски.

2,074

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека здравствениот систем е напнат и дека со крајни сили се обидуваат да го одржат капацитетот на болниците.

– Капацитетот на здравствениот систем е напнат, а со други зборови, со крајни сили се обидуваме да го одржиме капацитетот на болниците за да има можност да се хоспитализираат пациентите. Имаме уште една институција, а тоа е новата ковид болница до Инфективната клиника со 72 кревета. Правиме напори на ротација на доктори од другите интернистички клиники со медицинските сестри, болничари, чистачи и хигиеничари, со цел да ја опслужиме и новата болница. Со тоа капацитетот драстично ќе се зголеми, меѓутоа и постоечкиот кадар на Инфективна ќе има можност да се одмори. Ние сме уморни, бидејќи во последните 7 месеци функционираме до крајни граници – рече Караџовски.






Поврзани содржини