Д-р Исијановски: Граѓаните ќе добиваат вакцинални пасоши по примањето на втората доза

Колку што сум запознаен, за сите оние лица кои патуваат во странство поради задоволство или поради бизнис, „Мој Термин“ подготвува еден таков сертификат, којшто ќе биде издаван по примањето на втората доза, рече директорот на Здравствен дом Скопје.

3,059

Вакцинален пасош ќе добијат сите граѓани кои ќе ги примат двете дози на вакцината против ковид-19, рече д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје, во денешното гостување на Сител.

Тој изјави дека закажувањето за вакцинација ќе оди строго преку порталот вакцинација.мк и „Мој Термин“.






– Колку што сум запознаен, за сите оние лица кои патуваат во странство поради задоволство или поради бизнис, „Мој Термин“ подготвува еден таков сертификат, којшто ќе биде издаван по примањето на втората доза. Па така, граѓаните нема да имаат никаков проблем доколку заминат во држава којашто ќе им бара да приложат документ за примена вакцина – рече Исијановски.

Поврзани содржини